Слушај ме сега внимателно:
кога темата е контроверзна (некои
релевантни мислат вака, а некои
релевантни онака)
не се аргументира со авторитет.https://yourlogicalfallacyis.com/appeal-to-authorityПовикувањето на авторитет треба да задоволува повеќе услови за да не биде fallacy:
1. Лицето на кое се повикуваш треба да има доволно стручен во областа за која се дискутира. Тука си добар - авторитетите на кои се повикуваш се навистина доволно стручни.
2. Темата треба да биде внатре во рамките на експретизата на авторитетот на кој се повикуваш. И тука си добар.
3. Постои согласување меѓу другите авторитети за таа тема (неконтроверзност). Е, тука имаме проблем. Не сите експерти сметаат дека новите правила се глупи. Напротив.
4. Авторитетот не смее да биде пристран (biased). Тука не знаеме на што сме. Авторитетите кои ги наведе можеби се пристрасни, можеби не се.
5. Областа на стручност на авторитетот е легитимна област на истражување. Сака да каже дека не може експерт за тарот карти да ти објаснува баш ништо па дури ни за тарот. И тука си добар.
6. Авторитетот мора да биде идентификуван. И тука немам забелешки.
Значи, твојот аргумент не задоволува барем еден од шестте услови за да биде валиден. Така да не е валиден, па макар и господ бог лично се симне од небото и каже „не чинат новите правила“. Џабе. Аргументирање со повикување на авторитет е во ред
само кога на темата има консензус во стручните кругови. Така да внимавај во иднина што презентираш како аргумент вс личен емотивен став завиткан во целофан на кој пишува „аргумент“.