Гласање

Оваа сезона е:

Најинтересна во последниве 10 години
8 (19.5%)
Најдосадна во последниве 10 години
19 (46.3%)
Исто е интересна како и другите сезони
14 (34.1%)

Вкупно гласови: 41

Автор Тема: Formula 1 - Season 2014  (Прочитано 263968 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1605 на: 22 Април 2015, 23:38:08 pm »
здраво, несакав да отворам нова тема-едно прашање
дали некој знае каде да ја даунлодирам последнава трка од бахреин???
 не ја гледав :)

Ако не успееш да ја најдеш ќе ти ја прераскажам ... :D

Иди на kat.ph пиши Formula 1 2015 Bahrain Grand Prix и ја имаш Full HD

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10881
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1606 на: 23 Април 2015, 09:37:27 am »
Аривабене ја откри тајната на препородениот Раиконен



Цитат
Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, откри дека побарал од техничкиот персонал на екипата да направат промени на болидот кои би одговарале на возачкиот стил на Кими Раиконен.
Тоа барање се случило во декември, и покрај фактот што четирикратниот првак Фетел се приклучи кон „ергелата“ од Маранело еден месец претходно.

- Се сеќавам дека беше десетти или дванаесетти декември, а јас го прашав дизајнерот Симоне Реста и консултантот Рори Брн, додека гледавме слика од болидот: Што можете да направите за да ја поместите тежината на болидот кон напред? Им објаснив дека Кими го сака тоа чувство на болидот, додека Фетел е горе-долу ист. Тие ми рекоа дека им треба шест месеци, а јас ги прашав што можат да направат за три? Добив одговор дека ќе треба да работат дење и ноќе. Им реков: океј е, и јас ќе работам со вас, да почнеме,- вели Аривабене.

Тој посочи дека најголемиот скок сепак е до промените во моторот, но потоа на ред доаѓаат сите други работи поврзани со шасијата и аеродинамиката. Договорот на Раиконен истекува на крајот од сезоната, но Ферари има опција да го задржи уште една сезона. Според Аривабене, тој заслужува да добие продолжување, но тврди дека Кими подобро функционира кога е под притисок. Сепак, тој не пропушта можност да го пофали Финецот и да продолжи да го мотивира, како што беше случај со радио-пораката по освојувањето на второто место во Бахреин, со што заврши постот од 26 трки без подиум за Раиконен.

- Еј „Ајсмен“, беше одличен! Горд сум на тебе! Гранде Кими,- рече Аривабене, изнудувајќи дури и куртоазен одговор од Финецот (Да, им благодарам на сите).

Тој одбил да шпекулира со можен ангажман на Луис Хамилтон, но рекол дека нема возач што не сака да вози за Ферари, вклучувајќи ги и светските прваци. На следната трка во Шпанија ќе се користат „тврдите“ гуми кои беа на располагање во Малезија кога победи Фетел, додека потоа следат три трки каде што ќе се користат „меки“ и „супер-меки“ пневматици: Монако, Канада и Австрија. Со тоа се создава клима за подобри резултати на Ферари, бидејќи според Фетел, Мерцедес има најголема предност кога се користат „медиум“ гумите.

http://derbi.mk/index.php/motorsport/formula-1/item/25163-arivabene-ja-otkri-tajnata-na-preporodeniot-raikonen

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1607 на: 23 Април 2015, 09:45:26 am »
Оваа тема мислам јас можи да се заклучи, луѓето почнаа да се бунат. :)

Овие македонскиве портали не се за верување многу без веродостоен линк од каде оваа информација е исцрпена.
Секоја чест за off.net.mk каде на крајот од статијата има линк од каде е превземена.