Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 176059 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1884
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #15 на: 01 Ноември 2013, 10:33:53 am »
Генерално, многу збориме на оваа тема ама никој не искача со конкретни предлози и решенија. Еве што мислам јас дека треба да се преземе за колку-толку да се подсредат работите:

- Треба да се обезбеди паркинг околу центарот на Скопје, ама од сите страни. Во моментов, сите паркинзи кои постојат се од страната кон Аеродром/Кисела вода. За тие што доаѓаат во Центар од „оваа“ страна на Скопје нема паркинг кој е блиску.
- Зонското паркирање треба да биде полесно за користење, особено за постари луѓе. Треба да има грејс период од 15 минути (со праќање порака, секако) и по едно бесплатно паркирање по зона месечно.
- Треба СТРОГО да се ограничи бројот на таксисти.
- Лиценците за такси треба да бидат строго ограничени и скапи, со можност за пренесување/препродавање. Ако биде фатено возило како вози такси без лиценца, возилото да се конфискува. Чао, пријатно.
- Таксистите треба да бидат подложни на поригорозна контрола и казнување. Рецимо, казна за таксист треба да биде х2 или х3 од онаа за обичен граѓанин.
- Возилата кои се возат за такси треба да поминуваат техничка контрола секои 3 месеци и да ги задоволуваат сите еколошки критериуми.
- По должината на цела Партизанска (и пар други сообраќајници низ градов) треба строго да се забрани застанување со кола, макар и на две минути, со цел непречено и лесно движење на автобусите.
- Од друга страна, ако автобуси бидат фатени во „трка“ (сите кои возат по Партизанска го приметиле ова) или како еден автобус заобиколува друг и со тоа блокира цела сообраќајница, да бидат стегнати СТРОГИ казни.
- (во контекст на веќе правениот муабет) Велосипедистите да бидат подложни на истите строги казни како и сите други. Казна за проаѓање на црвено? 300 евра. За негово добро.
- Да се казнуваат пешаци што ја проаѓаат Партизанска (и другите прометни сообраќајници) на необележани места. Прееска гледав 70 годишна баба како се пентра преку жардињерите, а друг ќе биде крив кога ќе ја качи на хауба.
- Да се воведе систем за „посрамување“ (public shaming) за поситни (али екстремно глупави) грешки. Рецимо, ако некој е тупаџија, да мора под казна 30 дена на колата да носи голема налепница на која ќе пишува „ТУПАЏИЈА“, за другите да знаат и да се спремат дека ќе вози 40 во лева лента на Партизанска.
- Да се врати системот со бројчаници на семафорите. Екстремно беше корисен, знаев дека имам 80 секунди да си читам форум на семафор.
- При полагање за возачка, да се елиминира полагањето на полигон (како тотално бескорисна работа) и да се воведе полагање во реални услови. 99% од тие што положиле не знаат да паркираат.
- Да се воведе казнена школа за грешки, наместо некои други мерки. Ако некој направи посериозен прекршок, да оди на предавања за безбедно возење месец дена.
- На поголемите раскрсници, да се разгледа опцијата за воведување на кружни текови.
- Да се обезбедат корисни и не-узурпирани велосипедски патеки, за Фиц, Мартин и Спенсер да не кенкаат. Ова директно зависи од обезбедување на доволно надземен или подземен паркинг простор.

Сигурно ќе ми текне уште нешто.. Идеи?

Се сложувам со сите предлози.

Најмногу за последното, заедно и велосипедисти и возачи да дејствуваме за корисни и неузурпирани велосипедски патеки, заедно и велосипедисти и возачи да дејствуваме за повеќе надземни и подземни паркинг простори. Треба да има меѓусебно разбирање на овие две категории и заедно да дејствуваме за подобрување на оваа состојба.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #16 на: 01 Ноември 2013, 10:57:44 am »
Вие се решивте со казни и бесење.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #17 на: 01 Ноември 2013, 13:25:26 pm »
На оваа стока од народ неможе другачие да и се објасни.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1255
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #18 на: 01 Ноември 2013, 14:07:00 pm »
- Да не држиме нога на кочница на семафор, каде не сте на угорниза/удолница. Не друго да не го убиваме тој позади нас
- Да ја пратиме колоните и за возење и да не возиме по средина
- Исто при чекање на семафор, да сме у иста линија со тој пред нас, за да не го заслепуваме со нашите светла
- Полиција да казнува за прекршоци како што е едномерна улица, сечење на 2 полни, и слични казни, а да не се лимитираат на црвено и брзина
- Раскопаниците на улиците да се заливаат, како би се намалила можноста исите да настрадаат поради продирање на вода/мраз во зимските месеци
- Строго, најстрого да се води внимание на нивелација на улиците, и тоа не само за шахтите, кои редовно се утнати па се крпат нови улици, туку и за улиците itself. Јас мислам дека во Скопје не постои нова улица што не тресе. Со ова да се заборави употребата на т.н. „Сув“ асфалт.
- Партизанска да добие пешачки мостови. ( За парите што го направија оној глупав Влајко можеше да се направат барем 5  ). Таков има на ул Цветан Димов кај Јаја Паша. Цената е околу 10К Евра


Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #19 на: 01 Ноември 2013, 14:27:54 pm »
Да воведеме еколошка поделба на автомобилите согласно германскиот принцип на пример. Затегнати контроли на техничките прегледи, зелени налепници за влез во градот со исполнети еко норми, жолти до некаде и црвени надвор од него.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #20 на: 01 Ноември 2013, 15:26:31 pm »
You went too far ...

За мене, проблемот а со тоа и решението го гледам :

1. Што е тоа курчење секој ден гледам 90% од возачите возат сами во колите. Толку ли сме богати па да мора со кола секој посебно да оди на работа?
1.1 Реално ни го накршија со увозот, смогот во СК драстично се зголеми, бројот на жртви, сообраќајниот хаос , давачките кон колата за гориво, регистрации итн...а со тоа ни го ебаваат и така нискиот стандард
2. Да се воведе забрана во радиус од мин. 1.5 км од плоштадот . Дозвола само за станари и службени возила со налог за достава (високи казни ако злоупотребуваат) и таксисти.
3. Метро, метро и само метро
4. Најголем проблем сме си самите Балканци. Најизкомплексиран тип на луѓе на планетава. Во Западнине држави со стопати полошо време возат точаци, одат пешки, спортуваат а кај нас ако може со камион со камион ќе се оди на работа. Дома ќе немаат леб да јадат, ќе лажат луѓе за пари важно пусто сељачко да се покаже.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #21 на: 01 Ноември 2013, 15:40:33 pm »
Според мене, многу малку фали да имаме многу проточен сообраќај, ама за тоа уште многу култура ни фали.

Пример:

1. Да не се застанува во утринскиот или попладневниот шпиц да се купи цигари и да се остави некој на сред улица, скоро секаде за +- 100 метри има автобуски или место за застанување да не се смета.  Едно такво застанување и одма се прави колона од 20 коли, а секое сабајле од дома до работа најмалку 10 души застануваат на “’кратко нели’’.
2. Некаква контрола на таксисите, не се нормални како возат и штоп рават по градов.
3. Пешаци и велосипедисти, ако им е црвено нека стојат и нека чекаат зелено, незнам што е толку тешко, и јас сум пешак па чекам и на семафор и на пешачки.
4. Да не се поминува улица кој каде ќе стигне, ова посебно важи за Кисела вода, толкав булевар а ти во грч возич 40 зошто мислиш дека на плоштад се наоѓаш, од секаде излагаат луѓе на сред улица.

Да се почитува ова мислам дека проточноста во шпицовите би била за 30% подобра.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1214
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #22 на: 01 Ноември 2013, 18:30:30 pm »
Надвозник подвозник кај семафотот на тутнски, УПМ

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #23 на: 01 Ноември 2013, 18:35:52 pm »
да да,ужас е таму,стварно нема место за уште една лента ама мора да најдат некое решение

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #24 на: 01 Ноември 2013, 18:57:12 pm »
4. Најголем проблем сме си самите Балканци. Најизкомплексиран тип на луѓе на планетава. Во Западнине држави со стопати полошо време возат точаци, одат пешки, спортуваат а кај нас ако може со камион со камион ќе се оди на работа. Дома ќе немаат леб да јадат, ќе лажат луѓе за пари важно пусто сељачко да се покаже.

Многу убаво кажано!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #25 на: 01 Ноември 2013, 18:59:58 pm »
You went too far ...

За мене, проблемот а со тоа и решението го гледам :

1. Што е тоа курчење секој ден гледам 90% од возачите возат сами во колите. Толку ли сме богати па да мора со кола секој посебно да оди на работа?
1.1 Реално ни го накршија со увозот, смогот во СК драстично се зголеми, бројот на жртви, сообраќајниот хаос , давачките кон колата за гориво, регистрации итн...а со тоа ни го ебаваат и така нискиот стандард
2. Да се воведе забрана во радиус од мин. 1.5 км од плоштадот . Дозвола само за станари и службени возила со налог за достава (високи казни ако злоупотребуваат) и таксисти.
3. Метро, метро и само метро
4. Најголем проблем сме си самите Балканци. Најизкомплексиран тип на луѓе на планетава. Во Западнине држави со стопати полошо време возат точаци, одат пешки, спортуваат а кај нас ако може со камион со камион ќе се оди на работа. Дома ќе немаат леб да јадат, ќе лажат луѓе за пари важно пусто сељачко да се покаже.
Неможеш ем све живо да напикаш во центар, ем да забраниш влез во центар. Бирај, или ќе се децентрализира се надвор од центар... Уствари па тогаш нема да е гужва, нема да мора ни да се замараш со идење во центар... :) :) :) :)

Во центар да не живееш?

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #26 на: 01 Ноември 2013, 19:18:39 pm »
Не, ама работата ми е таму. Искрено, неможам да ги сфатам тие што сакаат да живеат во Центар. Гужви, свирења, галама, чад, делегации, ненормални возачи, се гради на секој чекор ....

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #27 на: 01 Ноември 2013, 20:29:00 pm »
Зш мори? Си излегвиш и оп на кафе си.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #28 на: 01 Ноември 2013, 20:37:40 pm »
Не ме тегни за тастатура ....за тие џаболебари и паразити.

Башка, не на сите ни е желба да живееме таму.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #29 на: 01 Ноември 2013, 20:58:20 pm »
Јас живеам кај железничка и единствена добра работа е што плоштадот ми е на 5 минути. Инаку се друго е за нигде.