Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 176075 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29064
    • CARclub.mk
Генерално, многу збориме на оваа тема ама никој не искача со конкретни предлози и решенија. Еве што мислам јас дека треба да се преземе за колку-толку да се подсредат работите:

- Треба да се обезбеди паркинг околу центарот на Скопје, ама од сите страни. Во моментов, сите паркинзи кои постојат се од страната кон Аеродром/Кисела вода. За тие што доаѓаат во Центар од „оваа“ страна на Скопје нема паркинг кој е блиску.
- Зонското паркирање треба да биде полесно за користење, особено за постари луѓе. Треба да има грејс период од 15 минути (со праќање порака, секако) и по едно бесплатно паркирање по зона месечно.
- Треба СТРОГО да се ограничи бројот на таксисти.
- Лиценците за такси треба да бидат строго ограничени и скапи, со можност за пренесување/препродавање. Ако биде фатено возило како вози такси без лиценца, возилото да се конфискува. Чао, пријатно.
- Таксистите треба да бидат подложни на поригорозна контрола и казнување. Рецимо, казна за таксист треба да биде х2 или х3 од онаа за обичен граѓанин.
- Возилата кои се возат за такси треба да поминуваат техничка контрола секои 3 месеци и да ги задоволуваат сите еколошки критериуми.
- По должината на цела Партизанска (и пар други сообраќајници низ градов) треба строго да се забрани застанување со кола, макар и на две минути, со цел непречено и лесно движење на автобусите.
- Од друга страна, ако автобуси бидат фатени во „трка“ (сите кои возат по Партизанска го приметиле ова) или како еден автобус заобиколува друг и со тоа блокира цела сообраќајница, да бидат стегнати СТРОГИ казни.
- (во контекст на веќе правениот муабет) Велосипедистите да бидат подложни на истите строги казни како и сите други. Казна за проаѓање на црвено? 300 евра. За негово добро.
- Да се казнуваат пешаци што ја проаѓаат Партизанска (и другите прометни сообраќајници) на необележани места. Прееска гледав 70 годишна баба како се пентра преку жардињерите, а друг ќе биде крив кога ќе ја качи на хауба.
- Да се воведе систем за „посрамување“ (public shaming) за поситни (али екстремно глупави) грешки. Рецимо, ако некој е тупаџија, да мора под казна 30 дена на колата да носи голема налепница на која ќе пишува „ТУПАЏИЈА“, за другите да знаат и да се спремат дека ќе вози 40 во лева лента на Партизанска.
- Да се врати системот со бројчаници на семафорите. Екстремно беше корисен, знаев дека имам 80 секунди да си читам форум на семафор.
- При полагање за возачка, да се елиминира полагањето на полигон (како тотално бескорисна работа) и да се воведе полагање во реални услови. 99% од тие што положиле не знаат да паркираат.
- Да се воведе казнена школа за грешки, наместо некои други мерки. Ако некој направи посериозен прекршок, да оди на предавања за безбедно возење месец дена.
- На поголемите раскрсници, да се разгледа опцијата за воведување на кружни текови.
- Да се обезбедат корисни и не-узурпирани велосипедски патеки, за Фиц, Мартин и Спенсер да не кенкаат. Ова директно зависи од обезбедување на доволно надземен или подземен паркинг простор.

Сигурно ќе ми текне уште нешто.. Идеи?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1 на: 31 Октомври 2013, 23:14:09 pm »
- Да се изградат многу повеќе надвозници/подвозници. На пример раскрсницата кај судска палата да бидекомбинирана со надвозници и подвозници.
- Наместо глупави бродови покрај Вардар требаше да се изгради автопат со по 3 ленти во секој правец кој ќе го спојува Карпош со аеродром, или пак на крајот на партизанска кај т-хоум да има тунел кој ќе излегува кај централен регистар.
- булеварот климент охридски да се изградеше како highway од влада до кочо рацин
- безкорисната катна гаража што ја изградија карши макпетрол требаше да ја изградат на местото на музејот на евреите / холокаустот
- да се одстранат сите дизел такси возила и да се заменат со мали компактни до 1,5л сите на плин и истите да одат на технички преглед на 3-6 месеци
- ДА СЕ ЗАБРАНИ НАСЕЛУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА ЖИТЕЛИ КОИ НЕ СЕ РЕЗИДЕНТИ НА СТРОГИОТ ЦЕНТАР.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #2 на: 31 Октомври 2013, 23:20:03 pm »
би можело и течението на вардар да се направи она што е уствари последниве 50 години, т.е. фекален канал... да се покрие со бетонска подлога...од него ке излезе одличен булевар со по 3 ленти во правец, па дури и огромен зелен појас ке има во средина. проблемот со наводнување нема да го има... мноооогу ке се растерети сообраќајот со еден таков булеваро кој ке се протега од лисиче до ѓорче, со се сите приклучоци...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54667
  • Махер
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2013, 00:16:27 am »
- Да се изградат бесконечно многу подвозници и надвозници, и кружни текови.
- Да се отстранат сите семафори до еден.
- Треба најстрого да се намали бројот на такси возила, кои треба да се манат од стоење и узурпирање на цели улици.
- Да не е легално да стојат повеќе од 3 такси возила на едно место. (А не 80 пред Беверли, да степен да неможе да се пројде)
- Секој пат, да биде опколен со дрвја од сите страни. Наместо ступчиња, секаде дрвја, наместо жардињери дрвја, дрвја. Многу дрвја. Секаде.
- Автобус да несмее да ја допре третата лента на патот во ниеден случај.
- Да се воведат минимални брзини на движење по мостови и коловози како што треба.
- Да се направат големи бариери против пешаци околу пешачките (како оние кај Католична на кружниот)
- Ниеден паркинг да не се наплаќа, освен ако е затворен.
- Секој кој изградил катна гаража со рампа за качување потесна од 4,5 метри да се обеси јавно.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2013, 00:35:51 am »
кружни текови,семафорите прават непотребна гужва
ако незнаат да возат по кружен тек нека не возат нека се возат со автобус
ако продолжат да возат по кружен тек како имбецили казна 1000евра

ако возиш 40 вози во најдесната или средната лента,ова треба да го пишува на секој билборд море на секоја бандера да закачат
возење 40 на најлева лента 1000 евра казна

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2013, 00:43:20 am »
- Постојано да стои џандар со снајпер кај мавровка и секој што ќе продолжи право од лентата што е САМО за лево, да добие Headshot.
- Да се кренат ограничувањата +20 на местата каде што е 50-60 за да може сообраќајот брзо и непречено да се одвива.
- Помине ли на црвено - БЕСЕЊЕ!
- Вози ли пијан - БЕСЕЊЕ!
- Казна од 300 евра за секој "Љутви-Транс" што чади со тамче низ сред центар и загадува колку што е заштедата вкупна со новите автобуси.
- Зимање автобус на секој (приватњак) кој застанува на 3-4 места меѓу станица само за да собере пари (за ова веќе има казна, ама мојава поригорозна е).
- Убивање моментално на камионџија што прави колона позади него од 1 километар а не застанува да растерети.
- Кај битпазар да има специјалци и да плескаат со пендрак по секој пешак што ќе пројде на негово црвено, како и прерипување од сите страни на жардињерите.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #6 на: 01 Ноември 2013, 00:47:04 am »
би можело и течението на вардар да се направи она што е уствари последниве 50 години, т.е. фекален канал... да се покрие со бетонска подлога...од него ке излезе одличен булевар со по 3 ленти во правец, па дури и огромен зелен појас ке има во средина. проблемот со наводнување нема да го има... мноооогу ке се растерети сообраќајот со еден таков булеваро кој ке се протега од лисиче до ѓорче, со се сите приклучоци...


Казна за секој таксист што дреме непотребно на некое место. Страшно ме иритира што фаќаат паркинг места и делови од улиците.
Казна за возачи на автобуси што се бутаат само поради тоа што имаат предност на тргање, па дури и се претицуваат на цел булевар.
Да се направи плоштадот паркинг ;D
Катна гаража некаде во околина на владата.
Повеќе еднонасочни улици.
Казни за тамчиња и други возила пред распаѓање што учествуваат во сообраќајот.
Казна за тој што прееска со веспа ми се удри во колата затоа што ме поминуваше од десно на семафор  >:(

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #7 на: 01 Ноември 2013, 01:17:47 am »
Трамвај и Сабвеј.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #8 на: 01 Ноември 2013, 01:19:00 am »
Свет је леп кад сањамо.

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #9 на: 01 Ноември 2013, 01:20:10 am »
БиЧе кад-тад , билив ми ;)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2013, 02:06:33 am »
Кампањи за зголемување на сообраќајната свест кај граѓаните... Пошто без тоа, сето ова што го пишавте нема логика.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2013, 08:28:38 am »
- Постојано да стои џандар со снајпер кај мавровка и секој што ќе продолжи право од лентата што е САМО за лево, да добие Headshot.

Па за 5 минути ќе се блокира цела раскрсница од мртовци. Заборави да кажеш на сред раскрсницата да има крематориум со плазма, све тоа веднаш пепел да се праи.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43343
  • Il Moderatore
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2013, 08:49:37 am »
Да ги заплениме сите возила постари од 3 години.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2013, 08:55:26 am »
Дјуд... You went too far. Жива кола нема да остане на улицине :)

Хммм... Можда и не е така лоша идеја :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10881
  • 430i
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2013, 10:25:10 am »
- Да им се забрани секакво движење на коњи и коњи кои влечат кочии натоварени со картони низ градски улици и булевари