Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 102588 пати)

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #465 на: 15 Април 2019, 18:51:21 pm »
A vo koja osiguritelna se Banzai i ushte edniot clen sto bea spomnati pogore?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10881
  • 430i
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #466 на: 15 Април 2019, 19:16:35 pm »
A vo koja osiguritelna se Banzai i ushte edniot clen sto bea spomnati pogore?


Sent from my iPhone using Tapatalk

@Banzai може да помогне околу правни совети и адвокатски услуги

@kalimero работи во Винер осигурување, а мислам дека Винер имаа и посебна тема на форумов каде може да добиете совети

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #467 на: 15 Април 2019, 19:45:31 pm »
Јас сум против сите осигурителни :)

Адвокат сум, специјализиран за надомест на штети од осигурување. Ако не успееш сам да извлечеш некоја сума која мислиш дека ти е доволна, слободно пиши ми. Само не потпишувај ништо пред тоа ;)

По правило, треба да ти следуваат нови делови со засметана амортизација на деловите за кои се засметува амортизација, или ако некои делови се малце оштетени, цена на чинење на поправка со работна рака и материјал. Било која осигурителна компанија не смее да ти забрани да ја поправаш колата каде сакаш или пак ако сакаш воопшто да не ја поправиш.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #468 на: 15 Април 2019, 20:57:43 pm »
Остави го @MAPJAH , он е некоја посебна категорија граѓанин на оваа држава.
Абе ташак, не читаш ли дека бев тргнат за бг, тој од Штип јас од Велес ме мава пред Делчево. Кај ќе го бркам ја ЦИГАН од Штип да го барам а и колата беше на сестраму. Не ме интересира мене дали некој прави дубари или не, нека си го викнат и нека го бараат него, јас сум си платил осигурање за да бидам заштитен и не ме интересира понатаму. Колата ја видоа у сава дека е оштетена, нека си се разбираат со циганот кој што ставил потпис и имам слики од целата ситуација. Колата ми беше и под каско па немав потреба да правам дубари. И да посебна категорија сум оти си го ценам времето и ми чини пари.
ако си ти тој што ја мие колата со сунѓерче за садови после секое возење у ја става на трупчиња после секое возење да не му се заболат гумите еве и ти си за мене посебна категорија ама не дошло ред да ти кажам. Вие што многу ги жалите осигурителните проверете лани колку милиони евра имаат заработено, тоа дека многу сакаат да исплаќаат штети

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



И да се надоврзам, многу ќе биде јако кога некој ќе ти го удри опелчето и ко ќе ти проценат ретровизор 300 ден, крило 800ден или не дај боже тоталка на 1000 - 1200еур да видам тогаш колку посебна сорта ќе бидеш и дали ќе ги величиш осигурителните.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Прво, фала на "А, бе, ташак".

Второ, слабо врски имаш низ осигурителните. Да те потсетам, ти беше тој што ме учеше како треба со сервисите кои се овластени од производителите на мобилни телефони, што сервисираат уреди под гаранција. Ама, тогаш, јас имав мака, па викаше дека неам врски низ сервисите, дека што има државата да ме штити како потрошувач, купи си нов мобилен и повеќе среќа нареден пат, и слично. Ќе се сетиш, ако не - ќе го најдам разговорот.

Е сега, ти си се нашол во слична ситуација, каде државата треба малку ред да стави со осигурителните и наплатата на штетата, и треба да те заштити како потрошувач, и оп - се навреди.

Посебната категорија се должеше на тоа што се обидуваш некои муабети да ги протнеш тука, во оваа државичка, западњачки, што ни под точка "разно" нема да поминат. Што од менталитет, што од навики, што од систем, што од правна регулатива.. Уатевер.

Јас сум посебна категорија, нема потреба ти да ми посочиш. Лечењето почнува со признавање прво на самиот себе.

Немој да мериш се со време и пари. Има побитни работи во животов. И избегавај да користиш деминутиви, ако не си сигурен каде се употребуваат.

Мојата кола се нашла во ситуација да биде чукната, па се средило се со осигурителните без мака. Што треба сега, да ги величам, пошто не сум се нашол во ситуација како твојата? Имам и детален опис на цела случка и процедура, со слики, во мојата тема, од таа дешавка. Само ти си попресен на форумов, не ти е познато тоа.

Изи малку.

Извини ако те навредив, немав таква намера.

Извинето ти е што ти ме навреди.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6306
  • Бенве сие бенве
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #469 на: 15 Април 2019, 21:32:34 pm »
Почнав да пишувам ми се избриша, државата е крива што после овој модел хуавеи извади уште 15нови па логички е дека ќе почне да дупи.

За врските, што да активирам кога сум во право. Сум си платил поштено и сакам да си го добијам тоа за кое што сме се договориле. Државата тука не ми е крива, секаде во светот осигурителните се апаши и преваранти.

Деминутив знам ја кај се употребува, и не сакав да те потценам туку така си ја викав и корсата и тиграта опелче и ми останало навика. Споредбата беше дека ти на колата не даваш да падне прав а утре ако треба да се прави проценка тие нема да ти дадат повеќе од 1200еур иако таа е во перфектна состојба.
Дали е се во времето и парите не знам, до сега не најдов некој да функционира без нив, ама не е тема овде. Ако јас одам за Штип да го барам циганот 3 дена по ред и конечно да го најдам третиот ќе ме кошта патни трошоци 3 х500 ден, јадење, денгуба итн итн. Затоа и се откажав, ќе дадам 50еур за да ми исплатат 20. Кај и да се жалам ќе ме направат улав, а и законот ете налага така да оди процедурата, да мора да го најдеш виновникот, закон што не е донесен од државата туку пак од нив. Не знам само ако има инцидент помеѓу охридска и беровска кола, и штетата кошта околу 100еур, дали некој ќе биде толку улав да оди да се појавува и да реконструира. Се е тоа смислено направено.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #470 на: 15 Април 2019, 22:16:25 pm »
Јас сум против сите осигурителни :)

Адвокат сум, специјализиран за надомест на штети од осигурување. Ако не успееш сам да извлечеш некоја сума која мислиш дека ти е доволна, слободно пиши ми. Само не потпишувај ништо пред тоа ;)

По правило, треба да ти следуваат нови делови со засметана амортизација на деловите за кои се засметува амортизација, или ако некои делови се малце оштетени, цена на чинење на поправка со работна рака и материјал. Било која осигурителна компанија не смее да ти забрани да ја поправаш колата каде сакаш или пак ако сакаш воопшто да не ја поправиш.
Ако може овој пост да се пинува да стои стално најгоре на секоја страна од темава :)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #471 на: 16 Април 2019, 11:13:48 am »
Клучното е дали деловите да се ОЕМ или ОЕМ еквивалент. Зошто најчесто 2 не се баш еквивалент.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #472 на: 04 Јули 2019, 14:51:10 pm »
Здраво дечки, ми треба една конкретна информација или насока, се работи за моја роднина, имала сообраќајка (по нејзина вина), колата (Фиат Линеа 2009 година) е каско осигурана и во однос на нејзината штета добила понуда од осигурителното друштво во износ од 111.000 денари а понудата за поправка од фирма-соработник (авто-лакирница) на осигурителното друштво, односно пресметката (нови оригинал делови + плус поправка на некои делови + рака) изнесува 229.700 денари. Во самата понуда од осигурителното друштво има некоја формула за пресметка на обештетувањето, но ме интересира дали има простор да се поднесе приговор (кој секако ќе се поднесе) и да се бара поголема сума и истата да биде приближена до сумата што треба да се даде за поправка, односно кај да го бараме основот за поголем износ за обештетување. Секој совет е добредојден
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #473 на: 04 Јули 2019, 15:12:04 pm »
Претпоставувам се работи за тотална штета, односно економски неисплатливо е да се поправа возилото. Затоа и понудениот износ е помал од износот кој е потребен за да се поправи возилото.

Можете да приговарате на утврдените износи според пресметката за штета каде утврдуваат новонабавна вредност, вредност на денот на незгодата, вредност на спасени делови (остатоци) и така доаѓаат до сумата која според нив треба да се уплати. За секој од овие основи можете да приговарате, а дали приговорот би бил основан не можам да кажам на памет без документација :)

Кога се пресметува тотална штета идеата е со 111.000 денари и доколку се продаде удрената Линеа да кажеме за 100.000 денари (карикирам) за 211.0000 денари луѓето да си купат половна Линеа од 2009 година во слична состојба како нивната пред да ја удрат.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #474 на: 04 Јули 2019, 15:18:18 pm »
Хммммм ако е тотална штета тогаш треба износот мислам да биде одреден % што однапред се знае. Еве да речеме од прилика дека за линеа 10 години стара се вреднува на 20%. Ако колата нова била 12.000 еур тогаш исплатата би требало да биде 2.400 евра, не?  Уствари и износот е 111.000 денари е тука некаде со примеров што го кажав.

Ако не е тотална штетата барем како што разбрав од калимеро кога се распрашував за стариот мој, кај делумна штета се пресметува 30% амортизација на деловите што треба да се сменат зошто возилото е постаро од 8 години. Така да ако новите делови што треба да се сменат, чинат 2.000 евра тогаш 1.400 евра ќе ти бидат само исплатени.

Али веројатно како што кажа банзаи станува збор за тоталка.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #475 на: 05 Јули 2019, 15:19:03 pm »
@Banzai



Пишав приговор на неколку ставки (не се земени во предвид км а има само 62.000 поминато, погрешен датум за порва регистрација, наместо 3.11.2009 стои 1.1.2009, разлика 10 месеци, инвестиција стои 0 % а има атестиран плин, и за други ставки некои, па ќе видиме, фала во секој случај

Понудата за поправка



Вкупно за поправка/замена е 229.750 денари
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #476 на: 05 Јули 2019, 15:22:09 pm »
Со среќа :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #477 на: 05 Јули 2019, 15:23:45 pm »
Раткапна (една) 2900 денари  :o
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6306
  • Бенве сие бенве
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #478 на: 05 Јули 2019, 19:18:11 pm »
Предна лева полу осовина 28500.... нафта пијат мислите овие од осигурителна...


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #479 на: 05 Јули 2019, 21:22:45 pm »
Можно е да се тие цените во Автомобиле СК. Ако не беше тоталка, осигурителната има обврска да си плати толку.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.