Автор Тема: Азот или воздух?  (Прочитано 12317 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1447
  • no comment at the moment
Азот или воздух?
« на: 16 Јануари 2011, 20:39:42 pm »
Дали некој има искуство со полнење на гумите со азот и кои се предностите и недостатоците при тоа?
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #1 на: 16 Јануари 2011, 20:57:19 pm »
Подобро е да ги полниш со азот. Кога гумите наидуваат на отпор, притисокот порамномерно се распределува ако гумите се полни со азот. Понатаму при промена на температура, притисокот помалку варира. Покрај тоа, гуми напумпани со азот побавно се дишат.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #2 на: 16 Јануари 2011, 22:16:41 pm »
Околу 4-5 години користам азот на сите коли што сум ги возел и единствена разлика што ќе ја почуствуваш е што гумите нема да ти губат притисок околу 6 месеци. Тоа што нема директно да го почувствуваш е абењето на гумата поради издишеност, подобрата стабилност на возилото поради пропишаната вредност на притисокот.
Поради поголемата маса на азотот тој е погуст од воздухот и потешко му е да се протне помеѓу бандажот и гумата а поради неговата инертност не оксидира и нема вода во гумите и р`ѓа.
Отприлика тоа сите предности се добиваат од добриот притисок во гумата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #3 на: 22 Јануари 2011, 15:35:46 pm »
Колку што јас се сеќавам од прочитаното, единствена причина за ставањето на азотот е тоа што не содржи вода. Бидејќи не содржи вода при загревање на бандашот и гумата ширењето на азотот е многу мало за разлика од водата која многу се шири.

Што се однесува до густината на Азотот, Вили другарче грешка си. Конституцијата на воздухот е Азот 78% и кислород 20%. Останатото е занемарливо. Од сите тие гасови Азотот е најлесен и најредок. Што значи дека азотот е полесен од мешавината од азот и кислород (кислородот е потежок од азотот).
Меѓутоа точно е дека на азотот му е потешко да излезе од бандашот само од друга причина. Познато е дека според однесувањето на осомотскиот притисок, потешкиот гас навлегува во полесниот гас. Истото важи и за течностите. Во нашиов случај попрво воздухот би навлегол во гумата отколку што азотот би излегол.

Но да се вратиме во практичната реалност. Ако земеме во предвид дека притисокот во гумата е 2 атмосфери, тоа значи е три пати поголема отколку атмосферскиот притисок при 0м надморска височина, факторот внатрешен притисок е решавачки а не осомотскиот притисок ;) .

Во врска со гумите клучно е гумата да е добро наместена и бандашот да не е крив и оштетен. Азотот само ќе придонесе во стабилноста на притисокот. Но се настрана факт е дека нема потреба од ставање на азот освен ако не ја возите колата со поголеми брзини над 180км/ч со што овозможувате да се создадат услови за варијации (значајни) во притисокот на гасот во гумата.

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2011, 01:06:39 am »
Се извинувам за погрешната терминологија. Значи каде што зборам за маса мислам на големина на молекула на азотот. Поголемиот дијаметар на молекулата на азотот во однос на кислородот е приината поради која тој потешко поминува помеѓу гумата и бандашот.

Да не го тупиме, овде има еден линк од човек чиј потпис има тежина каде е објаснето поради кои приини азотот се задржува подолго во пневматикот.

www.getnitrogen.org/pdf/graham.pdf

Човеков се има малку занесено во неговово излагање но за нас мислам дека се најважни последните два пасуси.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2011, 10:06:26 am »
Јас мислам дека човеков забегува во теории кои се малку применливи. Веројатно е во право дека молекулите на азот се покрупни од тие на кислород. И тој всушност зборува за минување на молекулите НИЗ самата гума. АМа во пракса многу е побитно да имаш квалитетен вентил, квалитетен бандаж, квалитетна гума што ќе дихтува со бандажот. Сврзните точки меѓу гумата и бандажот, бандажот и вентилот и гумата и вентилот се клучните моменти кои влијаат на губењето на притисокот... Тој никаде не го спомнува осомотскиот притисок кој делува во контра со неговото тврдење. Башка никаде нема приложено математичка калкулација за тоа кој фактор е посилен, факторот осомотски притисок во соодност со притисокот на гумата или факторот димензија на молекул и пропусност на гумата...

Сума сумарум, ако не е скапо полнењето со азот, вај д хел нот?


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2011, 12:11:00 pm »
А ако имаш неквалитетен бандаж, со неквалитетна гума и неквалитетен вентил како пола коли? Ништо. Луѓево Хјундаиња и Кии возат, а наскоро и Чери. Ќе се замараат со гумите....

Ефтино е па како што вели фаланга, вај д хел нот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2011, 14:46:37 pm »
Демек муабетот што беше Дени?   :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2011, 14:48:22 pm »
Демек муабетот што беше Дени?   :D
Ефтино е, па и да не прави некоја разлика може да ставиш... Сепак проаѓање на бенззинска еднаш во 2 месеца е многу поефикасно. Нема зијан сакав да речам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #9 на: 23 Јануари 2011, 23:53:10 pm »
Под услов пумпата на бензинска да е читава.... :(

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9868
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #10 на: 18 Февруари 2011, 18:33:19 pm »
Една од побитните работи, колку што знам јас е дека заотот не може да предизвика оксидација, затоа се користи како кај гмите така и за чување на битни документи, бидејќи хартијата не пожолтува. Исто и гумата, внатрешнот дел поспоро старее во отсуство на кислород.
« Последно менување: 18 Февруари 2011, 23:40:25 pm Bicikle »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #11 на: 18 Февруари 2011, 21:07:24 pm »
Една од побитните работи, колку што знам јас е дека заотот не може да предизвика оксидација, затоа се користи како кај гмите така и за чување на битни документи, бидејќи хартијата не пожолтува. Исто и гумата, внатрешнот дел поспоро старее во отсуство на азот.
А бидејќи гумата е направена од метал тогаш треба сите да ставаме азот за да не оксидира истата... wait... what?

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1447
  • no comment at the moment
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #12 на: 18 Февруари 2011, 21:17:33 pm »
Фаланга, гумата се прави од каучук :) А жицата која е внатре не е во допир со воздухот па ни со азотот. Ако жицата излегла отишла и гумата
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • 69
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #13 на: 18 Февруари 2011, 22:54:30 pm »
Мое лично мислење е дека се ова е прикаска за мали деца...Како што рече фаланга погоре за односот помеѓу кислородот и азотот во воздухот...Сувишно е да се коментира...
Друга работа...Гумата не се оштетувала, не оксидирале бандашите??? пффффф смешка...никој не гледа колкаво е оштетувањето од надвор, а вие се фативте за оштетувањето односно оксидација од внатре...па 90 посто што сакате да ги пуните со азот имате алуминиумски бандаши, + гумите се возат 4-5 години, не се возат 30 па да се плашите од оштетување...па на крај краева и нека се оштетат, нема со мене у гроб да ги носам...
Човекот со теориите можда е у право, можда не е...Како и да е никаде нема како што рекоа никаква математичка поткрепа...
Ипак треба реално да се гледа на работите...
По мене азотот, повторно ке повторам е прикаска за мали деца :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9868
Одг: Азот или воздух?
« Одговори #14 на: 18 Февруари 2011, 23:46:15 pm »
добро не скапува гумата одма, ама кајзна некој си карактеристики како еластичност и уште 300 параметри се менуваат со тек на времето. Ете на пример гумите од стоеденката беа напрајни баш како пластика, кога беа чисти надворешниот дел им изгледаше како стакло. не како гума.  Али не  е тоа и толку битно, битно по не скапува гумата од внатре.  Башка можда азотот влијае на амортизацијата од самата гума којзнае... Инаку сигурно има формули хемисли и математички со кој се докажува разликата, ама кој побарал..