Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 248297 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
...во една нормална дискусија се коментираат тезите и мислењата - наместо да се дигресира со дискутирање на дискутантите.
Луки само што покажа зошто овде немаме нормална дискусија.

Све некои силни доктори по медицина и статистичари кои работеле на медицински проблематики, ама нема никој да дискутира како човек. Со факти и аргументи, наместо смешно повикување на авторитет на јавен форум КАДЕ СИТЕ СЕ АНОНИМНИ. :-\

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3924
  • The Spartan General
Ти пиша Невер дека е доктор во Германија. Ти пуштив јас препораките за имунизација во Германија. Тие ги добиваат сите доктори/ординации секоја година од федералната комисија за имунизација.

Утре ќе му иде некое дете на преглед/имунизација, Невер ќе потпише препорака/вакцинација на тоа дете на негова професионална одговорност/лиценца/грб/професионално мислење. Тој ќе потпише дали тоа дете во тој ден ќе прими вакцина. Утре, дали ти ќе потпишеш тоа дете дали да прими или да не прими вакцина? Ќе го носиш ли тоа на твојата професионална одговорност и совест?


Луки само што покажа зошто овде немаме нормална дискусија.

Све некои силни доктори по медицина и статистичари кои работеле на медицински проблематики, ама нема никој да дискутира како човек. Со факти и аргументи, наместо смешно повикување на авторитет на јавен форум КАДЕ СИТЕ СЕ АНОНИМНИ. :-\

Другар, не сум јас виновен што немаш практични вештини за основни анализа на податоци и научни истражувања кои ги произведуваат фактите врз кои се потпираш ти (додека ги интерпретираш погрешно и им го зголемуваш контекстот на генерализација).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Тоа погоре можеби навистина се фини аргументи и повеќето од нив немам намера да ги спорам - минус фактот дека СЕ повикувате на авторитет на една дискусија на јавен форум, место каде што единствен авторитет е само и само квалитетот на аргументите и напишаното.

Зошто се избегнува дискусија за прифаќањето на експериментални вакцини, и дискусија за фактот дека бројот на вакцините постојано расте и почнува да опфаќа и ретардирани баналности како прехлади?
@NeVeNR Сале ќе си каже за себе, ама сакам и јас да се надоврзам на овој правец од дискусијава.

Мене ме интересира само дали ти си вакциниран како дете? Ако си вакциниран, дали тоа што денес твоето дете не го вакцинираш, те прави попаметен, понапреден, послободоумен, поначитан од твоите родители?

Прво не ми се допаѓа како прејудуцираш дека некој не ги вакцинирал децата. Воедно и одбегнуваш да ја коментираш суштината на неговото мислење - кое јас не го разбрав како повик за бојкот, туку посочување на правото на избор во време кога вакцините почнуваат да опфаќаат буквално се и сешто, а нивниот број постојано и постојано расте.

И ајде сега јас да те прашам тебе. Ти со колку вакцини се вакциниран како дете? А колку вакцини примаат децава денес? Има солидна разлика, нели?

Дали баш се од тоа е неопходно?
Ротавирус? Навистина?
Ги има дузини такви вакцини, вакцини за превенирање прехлади, вакцини за превенирање бебешки грипови кои најлошоти што го предизвикуваат е зголемени посети во болница (и трошкови во Здравството), итн, итн. Бројот на задолжителни вакцини постојано расте. До кога? Кој е критериумот и кој го поставува?

Понатаму за спомнатото.
Утре ако/кога ќе испадне HIV вакцина, дали е паметно да бидеме во првиот бран на држави кои ќе вакцинираат за HIV? Како што бевме меѓу првите држави во Европа каде што почна вакцинирање за HPV... Но каде се брзаме? Што велат статистиките, колку вакцинацијата за HPV придонесе за намалувањето на канцер на матка кај вакцинираните генерации? Колку повидови на HPV вируси постојат а колку ги опфаќа сегашните вакцини?
Дали навистина е паметно да се приклучиме кон трендот од запад, па и машките деца да почнеме да ги вакцинираме за HPV? И сето тоа без никакви реални показатели за успешноста на вакцинацијата против HPV во намалување на канцер на матка?

Што не направиме тогаш еден референдум да ги прашаме здравствените осигуреници дали сакаат да се прогласиме за тест држава каде фармацевтската индустрија ќе тестира вакцини и секакви лекови и хемии?
Па тек тогаш да бидеме горди конкуренти на вистинските држави од третиот свет!


За крај на постов само ќе замолам да не се прават евтини дигресии со антиваксер етикети и наводни партиски мотивации. Пошто дури и да е така (а барем јас лично мислам дека не е така), во една нормална дискусија се коментираат тезите и мислењата - наместо да се дигресира со дискутирање на дискутантите.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3924
  • The Spartan General
Тоа погоре се фини аргументи кои повеќето немам намера да ги спорам - минус фактот дека СЕ повикувате на авторитет на дискусија од јавен форум, место каде што единствен авторитет е квалитетот на аргументите.

Но зошто се избегнува дискусија за прифаќањето на експериментални вакцини, и дискусија за фактот дека бројот на вакцините постојано расте и почнува да опфаќа и ретардирани баналности како прехлади?


Што ќе те чини да кажеш дека нема да превземеш одговорност и нема да потпишеш дали некое дете треба да прими вакцина или не?  ;D ;D



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Муабетот со Невер беше за прифаќањето на експериментални вакцини, и дека посебно за тоа мора да е лично правото на секој да одбере. За тој момент му пиша Сале, и за тој момент го потсетив и јас. Тоа што Невер избра да избегне да одговори зборува доволно за одбранливоста на таа теза.
Плус фактот дека бројот на вакцините постојано расте и почнува да опфаќа и ретардирани баналности како прехлади, верувам дека е исто прилично незгодно за коментирање од било кој, ама посебно за некој од негова позиција.

Што ќе те чини да кажеш дека нема да превземеш одговорност и нема да потпишеш дали некое дете треба да прими вакцина или не?  ;D ;D

Ги заменуваш тезите и сега очекуваш да се нагузам и да ти подадам вазелин?  ;D
Гледај вака, не е муабетот како јас или било кој би постапил во еден ваков систем. Тоа е ирелевантно. Муабетот е дека системот (Здравството) не чини, конкретно и посебно овде во Македонија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 35458
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Сите ги заменуваат тезите, само Ван е постојан ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bojan j

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2820
Јас како што приметив, на прашање поставено до тебе ти одговараш со прашање. Успеа да читнеш за препораките или да си почекаме уште?

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3924
  • The Spartan General
Ги заменуваш тезите и сега очекуваш да се нагузам и да ти подадам вазелин?  ;D
Гледај вака, не е муабетот како јас или било кој би постапил во еден ваков систем. Тоа е ирелевантно. Муабетот е дека системот (Здравството) не чини, конкретно и посебно овде во Македонија.


Ајде не користам негација. Ќе потпишеш дали утре едно  дете треба да прими некоја вакцина по препораките дадени од германската федерална комисија за имунизација?

пс. Echte Männer brauchen keine Vaseline. 


едит: Ако одговориш на прашањето, ќе си го дадам моето мислење за експерименталните вакцини. ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Во позиција на доктор по медицина чија цела егзистенција зависи од таа одлука? Ти што мислиш?
Не знам за состојбите во германското здравство, ама ќе претпоставам дека се светлосни години понапред од македонското. Од тој аспект, и во условите во кои ме ставаш - да, прилично веројатно би го направил тоа... Но воопшто не беше муабетот како јас или било кој би постапил во таков систем. Невер овде е анонимен и може да одговори според совеста наместо како што му налагаат егзистенцијата и нормите на работното место.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3924
  • The Spartan General
Во позиција на доктор по медицина чија цела егзистенција зависи од таа одлука? Ти што мислиш?
Не знам за состојбите во германското здравство, ама ќе претпоставам дека се светлосни години понапред од македонското. Од тој аспект, и во условите во кои ме ставаш - да, прилично веројатно би го направил тоа... Но воопшто не беше муабетот како јас или било кој би постапил во таков систем. Невер овде е анонимен и може да одговори според совеста наместо како што му налага егзистенцијата.

За човек кој се поклонува на факти и аргументи, верува во егзактни науки што нон стоп пропагира за нечија одговорност (од системот, политичарите, чопорот, широката јавност) политичко-дипломатски одговор. Остави позиција доктор по медицина, остави состојбите во германското здравство.

Јас те прашувам дали ти Ван, со твоите знаења, истражувања и совест со препораките од федералната комисија за имунизација, дали утре би потпишал ставање на една вакцина на едно дете? Ќе ја понесеш ли таа одговорност ти лично?


Мала дигресија кон германското здравство. Во Германија ако му мудруваш на лекар што и како тој треба да прави (дијагностицира, каква терапија да дава), голема е веројатноста да те избрка од кабинетот. И никогаш не почнувај со реченица, докторе јас мислам тоа и тоа и сакам вака.....  ;D ;D



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6354
Ќе го паднете серверот

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 972
@Van
Само ќе кажам, јас никаде немам до сега спомнато никакви експериментални вакцини. Сале дискутираше за правото на избор и исто така не спомна никаде експериментални вакцини. Едно е кога луѓе прашуваат и бараат мислење и совет, затоа и пробав колку можам да појаснам одредени болести. Ти друже не прашуваш, ти сакаш само да се докажуваш со други луѓе. Денес и утре на дневен ред ти е вакцинација, задутре може да почнеш и полемики на теми за масла за мотори, компјутерска опрема и што ти не знам... Знам многу такви луѓе и обично секогаш попуштам. Денес се работеше за тема во мојот домен, ама заради квалитетот на дискусијата и форумот, нема веќе да коментирам, тоа што го знаев го пишав.

@Luki Junior Морам да признам дека во Германија ја немам таа одговорност да потпишувам за вакцини, тоа го правев дома во МК, ама затоа тука давам трансфузии на крв, праќаме пациенти со мозочен удар со хеликоптер за Дрезден, одлучуваме кај кој ќе почнеме палијативна терапија а ќе престанеме со друга терапија итн. Одлуки кои никој не може рамнодушно да ги донесе и кои си носат тежина.
« Последно менување: Јануари 14, 2019, 23:02:25 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен nekojtamu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 802
Није лепо пишати по сиротињи а да она то не зна.
Простете на оф топик ама веќе не е ни забавно. Да нема забуни и јас и моето семејство сме ги примиле сите вакцини пропишани од соодветните авторитети. Бидејќи ова не е нормална држава не ни очекувам одговорност да понесат Сител, канал 5, Јанко и слични кои носеа "експерти" на национална фреквенција и со тоа придонесоа за оваа и други епидемии.
Дно дна.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5323
Dokturot vo germansko kje potpishit za vakcina koja e testirana vo Makedonija. Obratno e malce teshko izvodlivo.
Tereza umre i sega nemaat propagator da go s"spasuva" afrikancite, pa ete ne nas tuka...
vo tekot na med. istorija se deshavale mnogu nehumani eksperimenti, no blagodarenie na nimi deneska uspesno se presaduvaat del od vnatresnite organi, jbg takva e taa rabota, ne slucajno dosle do uspesno presaduvanje na srce, koj znae kolku zrtvi imalo, ama denes ti treba samo pari i nemas gajle.
Vo sekoj slucaj moze da se nabavi/trkne go germanija/grcka/bg za vakcina, ene gi kaj se, za zdravje se raboti .
posle znam mnogum primeri kaj shto dokturite gi zele na dusha lugjeto i nikomu nisto,. ete na edna drugarka i zaboravija gaza posle operacija, poradi shto za malu spasi glava, onda baba mi ja ostavija so edno oko, na pvt bolnica potvrdija deka e greshena operacijata, jas licno imam lezeno na pulmologija za da ne me izlecat i da ne najdat od shto mi e , a mi pomina so katran od bor. Znaci ovde medicinata ne funkcionira kako shto zamisluvame, a germanija ne znam kkao e, vaka po muabetive top e.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3924
  • The Spartan General
Простете на оф топик ама веќе не е ни забавно.

Така е, воопшто не е забавно. Невакцинирањето е ужасна одлука на родителите. Од друга страна, Ван и сите останати тука се во право за ужасната состојба на здравството. А тоа што се случува по медиуми, форуми, фејсбук со кампањите за невакцинирање е уште поужасно. Ширењето на гласините дека вакцините предизвикуваат ретардација, аутизам, авто-имуни болести и алергии доведува до ситуацијата да биде уште покомплицирана и попроблематична.

На крај доаѓаш до ситуација да не знаеш што да правиш како родител затоа што во тој политичко-здравствен хаос треба да си ја довериш челадта и неговата иднина.
Најгрозното од целата работа е што одговорноста за тој хаос е колективна и заедничка и не бира дали некој  е Македонец, Албанец, Ром, ВМРО, СДС, ДУИ или некој трет.

....

Во моментот можеби не си, но можеш реално да ја добиеш таа задача и ќе бидеш одговорен. Знам за работата на докторите и во Германија и во Македонија. Најчесто одлуките што ги носат ниту се едноставни или рамнодушни.


@Bicikle, на моја колешка погрешно ѝ го оперираа тетинот кој боледувал од деменција. Му ставиле стент, а тој бил во болница поради бронхит. Во Германија. Го прашале дали бил за операција и поради деменцијата кажал да. И останатото е историја.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.