Автор Тема: My A Class  (Прочитано 7982 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3056
My A Class
« на: Јуни 16, 2016, 20:47:46 pm »
По не многу долго барање возило, и тоа конкретно А класа (преферирав првиот модел А168), го најдов ова сребрено количе.
Моделот е A class W169, 180 CDI.
Мотор 2.0 дизел, 80 KW/110 KS, 250 Nm, со 6 брзини мануелен мењач.
Ниво на опрема Elegance, што точно има од опрема не би знаел точно да набројам, ама има кожен волан со команди, команди за сите прозори, електрично подвижувани ретровизори...
Колата е увезена од Италија, на борд покажува 189000 КМ. Ја однесов на проверка во Аутомакедонија, генерално е во добра состојба, треба да сменам манжетни напред и граничник на предна врата. Треба да ставам и адитив за дизни, едната малце подмочува па за 2000 Км пак на проверка.
До сега поминав 200 Км отприлика, убава возња има колата, високо е седењето што мене ми се допаѓа, потрошувачката почна да се намалува од 8 литри првите денови на околу 6.5 последново возење :)
Ќе оди на полирање и хемиско кај Даме за 2 недели.
Планови некои посебни за модификации немам, освен клима фолии. Може за зимски сет гуми да купам челични бандажи па така да ги менувам. Би сакал ако може да се изведе на фабричкото радио да се поврзе и USB, а звучниците му се сосем доволни и убаво свират.
Тоа е тоа сега за сега. :)









Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1276
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: My A Class
« Одговори #1 на: Јуни 16, 2016, 20:57:02 pm »
Убаво количе со здравје да се вози.
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7407
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: My A Class
« Одговори #2 на: Јуни 17, 2016, 09:30:19 am »
Безгрижни километри. Убав брм.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 559
Одг: My A Class
« Одговори #3 на: Јуни 17, 2016, 09:39:11 am »
Возев вакво бензинец од авто школа, само аутоматик..Интересна кола за вожња...Единствено не ми се допадна седечката позиција, али тоа може пошто сум магаре од 190см..

Со здравје да си го брчиш!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24473
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: My A Class
« Одговори #4 на: Јуни 17, 2016, 09:43:19 am »
Втората генерација е значително подобра од првата. Многу фино количе, со среќа да си го возиш!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4829
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: My A Class
« Одговори #5 на: Јуни 17, 2016, 11:15:32 am »
Mnogu bezgrizni kilometri.
So zdravje da se vozi.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 516
Одг: My A Class
« Одговори #6 на: Јуни 17, 2016, 20:26:22 pm »
Со здравје да си го возиш ! :) Само ме интересира како провери дека ти моча дизна ? Со дијагностика тоа се проверува ?
Teнка е границата меѓу храброста и глупоста !!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3056
Одг: My A Class
« Одговори #7 на: Јуни 17, 2016, 20:33:49 pm »
фала ви за убавите желби :)
@WorM јас сум 2 метра, ептен ми е згодно влегувањето, а посебно излегувањето од кола. Сега ги разбирам овие со џиповите :)
@Ученик да, на дијагностика го утврдија тоа, си покажува све фино лепо
заборави да спомнам, димензија на гуми 185/65 R15, прилично ефтина димензија, што е плус у секој случај, нема да оптеретува буџет :)

Отсутен dame

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2629
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: My A Class
« Одговори #8 на: Јуни 17, 2016, 22:04:53 pm »
mnogu bezgrizni km se gledame za dve nedeli pozz

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 754
Одг: My A Class
« Одговори #9 на: Јуни 18, 2016, 01:40:20 am »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3056
Одг: My A Class
« Одговори #10 на: Јули 05, 2016, 19:10:39 pm »
Ја почнав малце обратно со колава,од хемиско и полирање кај маестро Даме,и клима фолии кај Тане.
Даме си ја заврши работата перфектно,внатре нова кола,а од надвор имаше доста за работа за да се донесе на ниво како што е сега.Ако прочита Даме може да сподели детали.Слики некои пред и после немам :)
Денеска ставени клима фолии ASWF кај Тане во Маџари.
Напред 50%,назад 15%(ако не се лажам) пропустливост на светлина.
Мене ми се допаѓа како искочи, баш како што и очекував.
Следно во план е мењање гуми, најверојатно Petlas Imperium PT515,па после и редовен сервис и све друго што треба да се среди.
Еве некоја слика од фолиите:




Отсутен dame

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2629
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: My A Class
« Одговори #11 на: Јули 05, 2016, 23:31:28 pm »
Pc-to me zeza a neznam kako stavam sliki od mob na forum,ke stavam naskoro .Inaku vo kolata imase dosta rabota narocito odnadvor poradi losata struktura na lakot pa zatoa i morase da se matira na nekoi mesta polirana e so menzerna shcc300 pa so sonax ex o4-06 kako zastita e staveno insulator wax,ispadna top a pa uste so foliite nemam zborovi...
« Последно менување: Јули 05, 2016, 23:36:37 pm dame »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3056
Одг: My A Class
« Одговори #12 на: Јули 10, 2016, 14:30:55 pm »
За моја евиденција, на 09.07.2016, на 190К км ставени летни Tigar Sigura во димензија 185/65/15.
Една од најефтините гуми,немам некои очекувања,да видам како ќе се покажат.
Додека беше на дизалица ги сликав дисковите, дали им е време за менување или да ги оставам за понатаму?
Напред десно


Напред лево


Назад десно


Назад лево

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 225
Одг: My A Class
« Одговори #13 на: Јули 10, 2016, 18:14:37 pm »
Си бараат стругање/рамнење на местото каде што не допирале плочките.

Јас лично би ги сменил предните.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 36561
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: My A Class
« Одговори #14 на: Јули 10, 2016, 23:35:02 pm »
Предните биле за мењање уште пред 10-15.000км ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.